Oживеано речиси мртво момче, на девојче отстранета ќерамида од мозокот - како хирурзите ги спасуваа повредените дечиња

 

-Речиси мртво беше едно од повредените деца што синоќа ги донесоа во скопскиот Ургентен центар – во длабока кома, со проширени зеници и без реакција на дразби, со тешки повреди на черепот и пригмечен мозок. Успеавме да го оживееме 13-годишното момче, благодарение на тоа што, како и на останатите, му била дадена помош уште во кочанската болница, но тоа с` уште е во многу критична состојба, вели директорот на Kлиниката за неврохирургија, проф. д-р Александар Чапароски за Дневник.

Меѓу потешко повредените е и девојчето кое при падот од тракторот го скршило черепот. При операцијата од главата на девојчето била отстранета ќерамида, која била навлезена во големиот мозок. Операцијата траела пет часа, поради тешките повреди кое девојчето ги заработило при падот. Освен повредите на мозокот, кожата на девојчето била истргната од главата и половина од лицето. Лекарите морале да повикаат и очен хирург за да го спаси окото. Лекарите очекуваат девојчето да биде добро. 

ЧАпаровски за Дневник вели дека четирите повредени сеуште се во критична состојба. Две од нив две се на неврохирургија, во коматозна состојба и со тешка повреда на градниот кош и мозокот. За живот се бори и 13-годишна пациентка која се наоѓа на KАРИЛ поради повреди на градниот кош и на белите дробови, и девојчето кое сеуште е хоспитализирано на Kлиниката по хируршки болести „Св. Наум Охридски“.

Извор: Дневник

ФОТО: Курир

најчитано сега