Попоски и Џафери утре на состанок во седиштето на НАТО
Утре македонскиот министер за надворешни работи, Никола Попоски, заедно со министерот за одбрана на Македонија, Талат Џафери, ќе го посетат седиштето на Северно-атлантската организација, јавува МИА.
Предвидено е македонските министри во НАТО да се сретнат со заменик-генералниот секретар Александер Вершбоу, а подоцна е предвидено македонскиот министер за надворешни работи и македонскиот министер за одбрана да присуствуваат и на состанокот на Северно-атлантскиот совет.
Министерството за надворешни работи информира дека на состанокот во Брисел и двајцата министри ќе имаат свое обраќање за прогресот на политичко – економските и воено – одбранбените реформи во земјата во рамките на 14 циклус на Акциониот план за членство во НАТО.
17.09.2013 - 14:36
Фото:
Денешен