Милановиќ: Македонија што побргу да биде каде што и е местото - во ЕУ и НАТО

 

Македонија мора што е можно побргу да биде таму каде што и е местото - во НАТО и во ЕУ, истакна хрватскиот премиер Зоран Милановиќ на заедничката прес-конференција со македонскиот премиер Никола Груевски денеска во Хрватска.

Милановиќ, јави известувачот на МИА, нагласи дека Македонија треба што поскоро да ги почне преговорите за приклучување во ЕУ, а влезот во НАТО да биде веднаш.

Премиерот Груевски рече дека очекува Хрватска, која веќе е член на ЕУ, да биде и натаму наш силен поддржувач, притоа истакнувајќи дека Македонија ги исполни стандардите за влез во ЕУ, но се бараат начини за решение на спорот што ни го наметна нашиот јужен сосед и да се отвори патот за интегрирање во НАТО и ЕУ.

Двајцата премиери истакнаа дека Македонија и Хрватска се пријателски земји кои делат заеднички вредности и немаат отворени прашања.

Разменети се информации поврзани со економиите на двете држави и интересите на компаниите за инвестирање и во Македонија и во Хрватска. 

17.09.2013 - 13:01
Фото: 
Ерепортер

најчитано сега