Новинарот Зоран Божиновски меѓу осомничените шпиони - се води под името "Луди Милојко"

 

Вкупно 17 лица се осомничени како дел од групата која од утринава се апси за шпионажа и злосторничко здружување. Меѓу осомничените, кој сеуште е недостапен за полицијата, е и новинарот Зоран Божиновски кој се водел под името "Луди Милојко", дознава Пресс 24.

Меѓу утринава приведените како што веќе објавивме е и поранешниот директор на Агенцијата за перење пари, Бане Цветанов, кој според неофицијалните информации се водел под името "Maчор".

Според последните информации, организираната група во која биле  и шефот на кабинетот на собранискиот спикер, режисерот од Контрабанда и неколку поранешни разузнавачи, работела за повеќе странски служби. Членовите на групата поседувале цели архиви на класифицирани документи, со кои ја шпионирале државата и уценувале поединци. Меѓу себе биле координирани од своевидна паралелна служба.

Во моментот траат претреси на повеќе локации во Скопје. Во секој момент се очекува МВР да излезе со официјални информации.

16.09.2013 - 14:30

најчитано сега