И Скопје вчера "под опсада" на мушички
Наезда од мушички синоќа имаше и во Скопје, особено во парковите и покрај реката Вардар. Најбројни беа во населбите во општина Аеродром и во централното градско подрачје.
Kако што веќе објавивме, вчера во вечерните часови наезда на мушички била забележана и во Сараево и во други градови на Босна и Херцеговина. Според извештаите, до инвазијата на инсектите дошло во сараевските населби Добриња и Грбавица.
Локалните медиуми пренесуваат дека мушичките биле присутни во толку голем број што луѓето помислиле дека во Сараево паѓа снег, а граѓаните буквално бегале пред наездата на мушички.
Инвазијата на мушички се случи и во српскиот град Краљево во понеделникот. Мушичките го прекрија целиот град и предизвикаа паника кај граѓаните. Слични феномени се случија пред три години во Ниш и во Белград.
Според експертите, станува збор за појава предизвикана од влагата и високите температури. Тие посочуваат дека се работи за мушички кои не касаат, но на граѓаните им предизвикуваат проблеми бидејќи им влегуваат во очи, нос и уста.
Станува збор за природен феномен бидејќи во ист момент излегле три до четири генерации мушички, a pредаторите, птиците и лилјаци не успеале да воспостават рамнотежа.