Трајко Вељановски станува шеф на државата

Спикерот на македонскиот законодавен дом, Трајко Вељановски од утре па во наредните неколку денови ќе биде прв човек на државата, пишува Плусинфо. Вељановски на оваа позиција доаѓа во отсуство на премиерот Груевски и Претседателот Иванов кој заминуваат на службени патувања. Иванов заминува на претседателски самит во Драч, Албанија, додека премиерот Никола Груевски ќе оствари официјална посета на Хрватска. Во таква ситуација, прв човек на државата станува Претседателот на Собранието Трјако Вељановски.

15.09.2013 - 21:24

најчитано сега