Отворени новите сувенирници кои ќе ловат туристи низ Охрид

 

Министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска денеска свечено ги отвори двете нови продавници за сувенири, кои се лоцирани на плоштадот кај Стариот чинар и кај Градското пристаниште во Охрид.

- Станува збор за унифицирани монтажни објекти, сувернирници, какви што Министерството за култура веќе има поставено ширум државата. Благодарение на брзата одлука на новата локална власт, добиена е согласност за поставување на три вакви сувенирници во Охрид. Денеска промовираме две, додека за третата е добиена дозвола, така што наскоро и таа ќе биде отворена, рече министерката.

Канческа Милевска вели дека локациите на сувенирниците е одлична, бидејќи се наоѓаат на места каде минуваат голем број туристи. 

- Сметам дека овие сувенирици ќе имаат голема важност оттаму што сите посетители и туристи ќе можат тука да купат автентиечен сувенир, што го отсликуваат богатото културно наследство на Македонија, нагласи таа.

Канческа-Милевска истакна дека сувенирниците кои претходно беа поставени во Македонија, добро функционираат. Таа изрази уверување дека покрај економскиот бенифит овие сувенирници ќе придонесат за дополнително културно промовирање на македонскиот културен и историски идентитет.

Туристите и посетителите на Охрид ќе можат да купат културно-туристички промотивен материјал што ќе го понесат со себе како сувенир од Охрид, како копии од артефакти пронајдени на археолошките локалитети во Макеоднија, приврзоци, сложувалки, разлгледници и друго. Во сувернирниците има и копии од археолошки предмети пронајдени на охридските локалитети како што се Дебој, Самоиловата тврдина, копии на златните маски, бисери изработени од семејството Филеви, копии од икони, копии од фрески, резба, предмети од филигран, бакрорез, изданија на Завод и музеј од Охрид.

Вакви продавници се отворени на граничниот премин „Богородица“, во Дојран, Ресен, Крушево, Берово и пет во Скопје, а наскоро ќе бидат поставени и во Тетово, на локалитетот Стоби и на други места. 

15.09.2013 - 14:27
Фото: 
денешен

најчитано сега