Жртвите на транзицијата: 15. септември да биде прогласен за Ден на лагата

 

Жртвите на транзицијата бараат 15. септември симболично да се прогласи за Ден на лагата поради, како што велат, најголемата историска лага на Бранко Црвенковски. Пресс24 интегрално ви го пренесува нивното барање.

Денес е 15 септември, 11 години од денот на изгубените надежи, денот од најголемата лага кажана досега, денот кога таткото на транзицијата Бранко Црвенковски ветуваше и никогаш не остварипо еден вработен од секое семејство, стабилна економија, борба против криминалот и корупцијата, владеење на правото и правната држава. Ништо од ова не се исполни.

Неговото катастрофално владеење на своја кожа го почуствувавме илјадници стечајци, измамени штедачи, невработени, социјални случаи, земјоделци, пензионери, нашите деца и внуци.

Епилогот беше: затворање на над  150 големи фирми и фабрики,  преку криминал беа проневерени над 4 милијарди евра, и без работа останаа над 200 000 граѓани.

Сето ова се случи поради криминалот и транзицијата на Бранко Црвенковски. 15 септември е симболичниот датум кога може да се одбележи црното време од владеењето на Бранко Црвенковски. 15 септември е датумот на најголемата лага. Затоа ние Жртвите на транзицијата на Бранко Црвенковски поведуваме иницијатива 15 септември да биде прогласен за ДЕН НА ЛАГАТА!

Бараме општествен консензус од сите чинители да се постигне взаемна согласност овој ден да биде прогласен за ден на лагата кој ќе биде одбележан како паметник на времето кое не смееме да дозволиме да се повтори. Ниту Бранко е заминат од политиката, ниту како негова партија СДСМ е смената. Таму ги гледаме истите клонови кои нас не лажеа од бините на митинзите во 2002та кога не ветуваа дека народот ќе ја земе судбината во свои раце.

Се надеваме дека оваа наша иницијатива ќе биде општествено прифатена. Тоа ќе биде наша најголема потврда дека народот не ги заборава лагите на Бранко Црвенковски.

15.09.2013 - 11:49
Фото: 
а1он

најчитано сега