Ивон: Лидерите да извлечат поука од настаните од 24. декември

Амбасадорот на Велика Британија во Скопје, Кристофер Ивон во интервју за Радио Слободна Европа вели дека се надева дека политичарите извлекле поука од настаните од 24 декември.

-Клучните работи од извештајот на комисијата се препораките, а целта која јас ја гледам со донесувањето на извештајот е да се осигураме дека настаните кои ги видовме на 24 декември на нашите телевизиски екрани, нема да се повторат. И дека постои напор од политичките лидери на сите партии да направат сè што можат за да ја научат лекцијата од 24 декември, вели во интервју за Радио Слободна Европа, амбасадорот Ивон. 

Тој вели дека треба да се внимава како се спроведуваат препораките од извештајот.

- Мислам дека тоа е вистинската цел на извештајот, особено во делот на препораките. Мислам дека она на што треба да се внимава е како тој се спроведува. Извештајот секако го поседуваат политичките партии во Македонија и тој е во интерес на граѓаните на Македонија, но секако таму каде што Британија има право на глас во дискусиите на Европската унија, ќе бидеме многу внимателни како напредува спроведувањето на извештајот. Тоа ќе биде показател за идните извештаи за напредок и нивната содржина, се разбира доколку сè уште ги има, вели Ивон.

15.09.2013 - 11:39
Фото: 
е-вести

најчитано сега