Почина екс министерката за култура Миљовска

На 13. септември, по кратко боледување, во 95 та година од животот почина Проф. Д-р Десанка Миљовска.

 Миљовска беше првоборец, учесник вп НОБ, професор по социологија на Филозофскиот факултет, еден од основачите на катедрата по социологија. Како професор предаваше и на Факултетот по новинарство, Филолошкиот факултет како и на други научно- општествени институции. Како истакнат општествен работник, беше и член на Владата на СРМ, како министер за култура од 1971 до 1974 година. 

Посмртните останки на  Миљовска ќе видат изложени во капелата на градските гробишта од 12 часот во понеделник на 16 септември, а ќе биде погребана на градските гробишта во Бутел во 13 часот.

15.09.2013 - 10:15

најчитано сега