Сé се врати во нормала - границата со Косово повторно отворена

Од ноќеска на полноќ повторно е отворена границата со Косово 

Ноќеска, граничниот премин Блаце го посетија министерот за економија Ваљон Сарачини и вицепремиерот за економски прашања Владимир Пешевски, за да проверат дали важи одлуката на Косово за прекин на ембаргото.

Пешевски потврди дека мерките што беа воведени од македонската страна, по автоматизам се укинуваат  по укинувањето од нивна страна на ембаргото.

- Со ова завршуваат немилите процеси кои што беа во изминатите неколку дена помеѓу овие две држави, кои што настанаа како резултат на ембаргото на увоз прво на одредена група македонски производи, а потоа и целосна забрана за македонски производи од страна на Република Косово. Ние воведовме мерки кои што по автоматизам се укинуваат во оној момент кога и косовската Влада ќе ги укине, вели вицепремиерот Пешевски.

За нормализирањето на состојбата беа информирани и превозниците од „Макамтранс“, кои по косовското ембарго во понеделникот вечерта ги блокираа премините Јажинце и Блаце.  Со тоа стартуваше и влезот на камионите со производи од Македонија на Косово.

15.09.2013 - 10:06
Фото: 
сител

најчитано сега