Лажни „Алфи“ тепале и ограбувале низ Скопје

 

Скопјаните Ф.И. (22), А.А. (23) и Г.Т. (22) си заработија кривични пријави и 30 дневен притвор бидејќи лажно се претставувале како „Алфи“ и ограбиле скопјанец.

Како што информираат од полицијата, вечерта на 9. септември, тројцата скопјани со „Шевролет Матиз“ со скопски регистарски таблички сопственост на А.А. се упатиле на улицата “Кеј Димитар Влахов“ во непосредна близина на МРТ каде го пресретнале 37 годишниот скопјанец Е.Х. , кој се движел пеш сам. Тие му се претставиле дека се полициски службеници од полицискиот тим АЛФА и му побарале лична карта за да го легитимираат. Бидејќи второпријавениот А.А. со себе носел и радио станица, Е.Х.  поверувал дека тие се полициски службеници и им го дал својот пасош за легитимација.  Ф.И. му кажал да извади се од џебовите и откако Е.Х. ги извадил парите Ф.И. го фатил за раката и насилно му ги земал парите од рака,  удирајќи го со бокс во лицето. Откако измамниците ги земале парите (1.000 денари), влегле во своето возило и избегале.

Наредниот ден вистинските „Алфи“ ги фатиле натрапниците. Кај нив биле пронајдени една радио станица марка „Стабо“, една лажно изработена магнетна картичка со амблем на Полиција со натпис НККР и број 0084/09 и еден пар флешери за ПМВ.

 Е.Х. потоа, во полициска станица, со сигурност ги препознал измамниците кои му ги зеле парите.

 

14.09.2013 - 12:21

најчитано сега