Влегол во двор на тетовчанец и му украл триесет гулаби
Засега непознат сторител пред два дена украл 30 гулави од дрвена куќарка во дворот на 22 годишниот Е.Н. од тетовско Долно Палчиште. Е.Н. пријавил дека штетата од кражбата изнесува околу 30 илјади денари, информирал портпаролот на тетовската полиција, Марјан Јосифовски за МИА.
Според Јосифовски, од почетокот на 2013 година, на тетовското подрачје биле украдени над 900 гулаби, а вкупната штета е проценета на над милион денари. Најчесто, мета на арамиите се гулаби од висококвалитетните сорти „Дунек“ и „Мелезар“. Кражбите најчесто се случувааат на пролет и на почетокот на есента, а најмногу страдаат гулабите во ќумези кои се поодалечени од куќите на нефрекфентни и недоволно осветлени места.
14.09.2013 - 11:56