Претседателот Иванов го честита еврејскиот празник Јом Кипур
Македонскиот претседател Ѓорге Иванов денеска го честиташе најсветиот еврејски празник Јом Кипур.
- Дозволете ми во име на граѓаните на Република Македонија, како и во мое лично име, Вам и на сите припадници на Еврејската заедница во Република Македонија да Ви посакам одбележувањето на Јом Кипур да го минете во духовен мир, молитва и надеж. Јом Кипур е најсветиот ден во Еврејскиот календар, ден на покајанието пред Бога, простувањето, помирувањето и милосрдието. Во оваа свечена пригода сакам да го нагласам големиот придонес што Еврејската заедница го давала, и уверен сум, ќе продолжи да го дава за нашиот заеднички дом, Република Македонија. Упатувајќи Ви Вам и на припадниците на Еврејската заедница во Република Македонија желби за благословен Јом Кипур, Ве молам да ги примите изразите на моето почитување, се вели во честитката од претседателот Иванов.