МВР писмено ќе ги тестира своите потенцијални вработени

Во врска со објавениот јавен оглас за прием на 11 извршители за работа во МВР на неопределено време, Министерството ги известува сите пријавени кандидати дека во вторник, на Природно - математичкиот факултет во Скопје, ќе биде спроведено писмено тестирање. Тестирањето ќе опфаќа психолошки тест, стручен испит и тест по англиски јазик.

Писменото тестирање на кандидатите со завршено високо образование ќе се одржи на ден 17.09.2013 година во 09:00 часот (вторник)  и истото ќе се спроведе во три групи:

1 група: математички амфитеатар – горна стара зграда, спрат 1 бр.121

2 група голем физички амфитеатар – горна стара зграда, приземје бр.101

3 група информатички амфитеатар-горна зграда нов дел, спрат 3 бр.304

Писменото тестирање на кандидатите со завршено средно образование ќе се одржи на 18. септември, среда, во 09:00 часот во информатичкиот амфитеатар-горна зграда нов дел, спрат 3 бр.304

Од МВР информираат дека списоците со групите ќе бидат истакнати на влезната врата на Природно-математичкиот факултет во Скопје. Кандидатите потребно е со себе да носат личен документ за идентификација.

 

13.09.2013 - 15:04

најчитано сега