Турци, Срби и Холанѓани ја преплавиле Македонија во јули
Во јули годинава, во Македонија прошетале преку 100.000 туристи. Освен, домашните туристи, од странските најприсутни биле Турците, Србите и Холанѓаните. Меѓу побројните се и туристите од Полска, Бугарија и Грција.
Според Државниот завод за статистика, бројот на странски туристи во јули е се зголемил за 10,3 проценти, а за 13,1 отсто се намалил кај домашните туристи во однос на истиот период лани.
Во јули, бројот на туристи изнесувал 111.620 и во споредба со лани е намален за 4,5 проценти, додека бројот на ноќевањата бил 515.069. Зголемување за 7,4 проценти има кај ноќевањата на странските туристи, а бројот на ноќевањата на домашните туристи е намален за 9,1 отсто.
Во периодот јануари-јули во однос на лани, бројот на туристи е зголемен за 2,8 проценти, додека бројот на ноќевањата останал на исто ниво.