„Лажев луѓе поради мојата психичка состојба“ - Генерал Мими ја призна вината
Мирјана Џамбазова позната и како Генерал Мими, скопјанката која беше обвинета за измама на граѓани на кои им ветувала лажни вработувања, денеска во судот ја призна вината, бранејќи се дека тоа го сторила поради нејзината нестабилна психичка состојба.
-Виновна сум, ги доведов во заблуда, лажев луѓе, но за тоа придонесе мојата психичка состојба. Од 2008 година се лекувам на психијатрија, а сега во приватна ординација и посетувам психолог двапати месечно, рече Џамбазова пред судот, пренесува 24 Вести.
Џамбазова тврди дека дел од парите воопшто не ги земала, а дел им ги вратила на измамените граѓани.
„Генерал Мими“ е обвинета дека на група граѓани им се претставувала како вработена во базата на НАТО, и им ветувала дека ќе им обезбеди административни работници, месари, собарки и слично, изнудувајќи големи пари од нив.
За измамите на скопјанката дознал и генералниот секретар на НАТО Расмусен.
Извор: 24 Вести