Божиновска со честитка за празникот Јом Кипур

 

Директорот на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи, Валентина Божиновска, денеска, по повод празникот Јом Кипур упати телеграма со честитки до претседателот на Еврејска заедница на Република Македонија, Берта Романо-Николиќ.

Традиционално, се вели во честитката, на Јом Кипур се чита библиската приказна за пророкот Јона кој поминал три дена во утробата на китот притоа длабоко преиспитувајќи се себеси и своите дела.

- Секој од нас е Јона кој со својата гордост и лутина ја отфрла помислата од божјата сомилост и љубов. Но, како што пророкот со молитва и покајание ги променил своите желби и со тоа обезбедил лична слобода, така и ние преку духовна преобразба и промислување на нашите постапки имаме можност за ново духовно раѓање. Прифаќајќи ја идејата дека мирот во светот почнува со личниот мир и преиспитување на своите дела, остваруваме вистинска слобода и ја прифаќаме пораката на овој голем празник. Ви посакувам одбележувањето на најсветиот еврејски празник Јом Кипур, празникот на милоста, покајанието и простувањето, да го минете во здравје мир и среќа, стои во телеграмата со честитки од Божиновска. 

13.09.2013 - 10:37
Фото: 
Нова

најчитано сега