Есма Реџепова ќе заработи титула „Национален уметник“
Претседателот Ѓорге Иванов денеска ќе и ја додели титулата „Национален уметник на Република Македонија“ на пејачката и хуманистка Есма Реџепова-Теодосиевска, која со богатата интернационална кариера е наречена „кралица на ромската песна“.
Признанието се доделува согласно со Законот за Национален уметник на Република Македонија.
Реџепова е трет носител на титулата Национален уметник, која ја имаат и пијанистот Симон Трпчески и режисерот Милчо Манчевски.
Покрај претседателот Иванов, на свеченото врачување на наградата ќе се обрати и министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска.
13.09.2013 - 08:12