СДСМ: Неодговорно е Владата да решава меѓудржавно прашање преку телевизиски дуел
Опозициската СДСМ оценува дека проблемот меѓу Македонија и Косово има последици врз економијата и побара владите на двете држави уште денеска да изнајдат решение за проблемот.
Портпаролот на партијата Петре Шилегов рече дека е несериозно и неодговорно Владата да предлага решавање на меѓудржавно прашање преку телевизиски дуел, а да избегнува соочување за внатрешните прашања.
- СДСМ повторно го повикува премиерот, министрите во Владата и функционерите на ВМРО-ДПМНЕ, да соберат храброст и конечно да излезат на јавна медиумска дебата, рече Шилегов.
12.09.2013 - 15:55