Новото училиште во Илинден доби 18 компјутери за учениците
Компанијата ОКТА донираше 18 нови персонални компјутери и еден сервер во новото Модуларно училиште во општина Илинден. Оваа донација вредна повеќе од 10.000 евра, ќе им овозможи на децата подобри наставни услови.
Главниот извршен директор на ОКТА Виктор Папаконстантиноу посочи дека тие како компанија ја препознаваат важноста и влијанието на модерната технологија во образовниот процес и се надеваат дека училиштето ќе создаде млади и талентирани луѓе кои ќе бидат подготвени за предизвиците кои ги носи животот.
Покрај денешната донација, компанијата веќе донираше училишна опрема и мебел за новото училиште во Илинден. ОКТА ќе остане посветена на поддршката кон заедницата, со посебен акцент на прашањата од образованието, здравјето и животната средина.
Почнувајќи од оваа учебна година, децата од Илинден ќе имаат можност средното образование да го изучуваат во својата општина. Новото училиште работејќи во две смени има капацитет за едукација на вкупно 720 ученици, од основно и средно образование