Автобуси на Мерцедес ќе се произведуваат во Србија

 

Германскиот „Мерцедес “ ќе склучи договор за партнерство со „Икарбус“ од Белград за производство на автобуси во погоните на оваа фабрика.

Како што јавува српската државна телевизија РТС, директорот на „Мерцедес-Бенц“ за Србија, Ролф Јирген Зејерле вели дека под раководство на германски експерти во „Икарбус“ ќе се произведуваат шасии за автобуси за „Мерцедес“.

Без посебни детали тој најавил и  дека „Мерцедес“ преговара за соработка и со српската фабрика за произвидство на камиони ФАП од Прибој.

 По италјанскиот „Фиат“, „Мерцедес“ е втората автомобилска компанија која се реши да инвестира во Србија. Во Србија очекуваат  производството на автобуси на „Мерцедес“ во „Икарбус“ на долг рок да ги решат проблемите со јавниот градски превоз во Белград и со меѓуградскиот автобуски сообраќај во цела Србија.

11.09.2013 - 15:23
Фото: 
Пусл24

најчитано сега