Познатиот светски лекар го шокираше светот: Новак е сериозно болен, има ретко пореметување

 
 
Јирг Хесли тврди дека Новак е психички зависен од здрава исхрана која во наредниот период може да му ја уништи не само кариерата, туку и животот.  Новак долго време е на специфичен режим на исхрана која подразбира воглавно конзумирање на билки, и потполно исклучување на внесување на месо во организмот. 
 
- На Новак Ѓоковиќ колку му се дивев на теренот, на неговиот стил и начин на движења... А потоа слушнав за неговиот план потполно да го промени начинот на исхрана и се запрашав колку ли ќе издржи. И еве, сега ги гледаме последиците на неговото пореметување во исхраната. Таа врста на пореметување не е само анорексија или булимија, постои и болест наречена орторексија која наизглед делува како здрава исхрана. И поради тоа Новак не е свесен за последиците, напишал Хосли на социјалните мрежи. 
Потоа и додал: 
 
- Ѓоковиќ практикува диета која одбегнува шеќер во целост, но колку и да делува добро, тоа е многу штетно по неговиот организам. Повремено спортистот почнува  да чувствува голем замор, има воспаление, алергии, интолеранција. Тој е подложен под стрес, спие се помалку и помалку, за на крај со помош на апчиња успева да потоне во сон. 
Тој е се поисцрпен психички и неопходни му се анализи. Ги губи врските со пријателите и смејството, се чувствува се по  нервозно и му се јавуваат чидни мисли, предупредува Хосли. 
 
Докторот нагласува дека опоравувањето е возможно ако Новак полека се враќа на нормланата исхрана.  - Неопходно е да почне повтроно со внес на јаглерохидрати и шеќери, но постепено за да се навикне организмот, рекол тој. 
 

 

 

27.04.2018 - 11:47

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега