Јахјага: Македонија и Косово да ги надминат проблемите

 

 

Косовската претседателка Атифете Јахјага  ги повика македонската и косовската Влада најдат заедничко решение за да се нормализира слободниот проток на стока и луѓе меѓу Македонија и Косово.

Според Јахјага, недоразбирањата треба да се решат институционално според правилата на ЦЕФТА.

- Косово и Македонија се во процес на евроинтеграција и за да ја постигнат таа цел треба меѓусебно да си помагаат. Слободното движење на луѓе и стока е еден од основните предуслови за добри меѓусоседски односи и евроинтеграции, изјави Јахјага по средбата во Приштина со словенечкиот пртседател Борут Пахор.

Во меѓувреме,  и покрај апелите за нормализација на состојбата, продолжува ембаргото за македонски производи на Косово, како и плаќањето такса за косовските граѓани и возила при влез во Македонија. 

Границата меѓу двете земји поради блокадата на транспортерите на граничните премини може да се помине само пеш.

11.09.2013 - 09:16

најчитано сега