Македонија го одбележува 11. септември - донирајте крв и храна за сиромашните семејства

Црвениот крст на град Скопје и Американската амбасада во Скопје по петти пат организираат крводарителска акција и акција за донирање храна со цел одбележување на трагичните напади што се случија на 11 септември 2001 година во САД и поттикнување на хуманоста и општествената одговорност.

Акцијата ќе се одвива од 8 до 16 часот пред Американската амбасада во Скопје.  Приемот на донациите во храна ќе започне во 10:30 часот, а тие ќе бидат наменети за потребите на Црвениот крст за загрозените семејства за претстојната зима.

На присутните ќе им се обрати американскиот амбасадор Пол Волерс и генерал-мајор Стивен Креј, генерал аѓутант во Националната гарда на Вермонт.  

Целта на настанот е да се обединат луѓето од сите заедници, без разлика на нивното политичко убедување или верска припадност и да се фокусираат на една заедничка цел – во служба на заедницата.  

Пред Амбасадата ќе има поставени тенди, со цел настанот да може да се одвива непречено без разлика на временските услови.

11.09.2013 - 08:50

најчитано сега