ВИДЕО: Дибиров стрелец на најубавиот гол на Ф4 турнирот на СЕХА

Левото крило на Вардар, Тимур Дибиров го постигна најубавиот гол на Ф4 турнирот во СЕХА лигата.

Ракометарот на Вардар во 22.минута од синоќешното финале со Загреб, иако беше во скок надвор од рамнотежа, успеа од дланка да и даде „спин“ на топката и да го совлада противничкиот голман.

Дибиров се најде и во идеалниот тим на турнирот.

Вардар го освои шампионскиот трофеј по триумфот над Загреб со 26:24.

 

 

 

16.04.2018 - 09:30

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа