Врзан во вреќа ќе се фрли на пливање во Охридското Езеро - посакајте му се среќа на Јане Петков
Бугаринот Јане Петков денеска ќе се обиде да изведе невообичаен подвиг, врзан во вреќа и без какви било помагала да преплива три километри во Охридското Езеро.
Стартот на тој несекојдневен настан е предвиден во 10 часот од плажата кај поранешниот хотел „Парк“, а целта на замислената патека е кај Градското пристаниште во Охрид.
Инаку, со спроведени медицински анализи е утврдено дека 59-годишниот Петков е со тешка слабокрвност, заради што целиот настан ќе го следат медицинска екипа на Црвениот крст од Охрид, со брод-амбуланта и спасувачка екипа.
10.09.2013 - 08:59