Обезбедени нови 400 места за паркирање - се отвара нова катна гаража во Скопје
Денеска официјално ќе биде пуштена во употреба новоизградената катна гаража меѓу улицата „Свети Кирил и Методиј“ и булеварот „Македонија“.
На отворањето ќе присуствуваат премиерот Никола Груевски, вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески и градоначалникот на Скопје Коце Трајановски.
Катната гаража е на две подземни нивоа, а обезбедени се вкупно 445 паркинг места од кои 17 се наменети за лица со посебни потреби. На приземјето ќе има деловен простор, а последниот кат е предвиден за угостителство. За потребите на гаражата се предвидени два влеза и два излеза за возила, како и два влеза за посетителите на објектот.
08.09.2013 - 11:52
Фото:
Утрински