Во понеделник неработен ден - еве кои денови нема да се работат до крајот на годинава

Министерството за трд и социјална политика информираше дека понеделник, 9 септември е неработен ден за сите граѓани на Македонија

За сите граѓани на РМ

  • 08 Септември (недела), Ден на независноста, односно 9 септември (понеделник) е неработен ден
  • 11 Октомври (петок), Ден на народното востание
  • 23 Октомври (среда), Ден на македонската револуционерна борба
  • 08 Декември (недела), “Св. Климент Охридски”, односно 9 декември (понеделник) е неработен ден

За граѓаните од католичка вероисповед

  • 01 Ноември (петок), Празникот на сите светци
  • 25 Декември (среда), првиот ден на Божик 

За граѓаните од муслиманска  вероисповед

  • 15 Октомври (вторник), Курбан Бајрам, првиот ден на Курбан Бајрам

За граѓаните припадници на албанската заедница во РМ

  • 22 Ноември (петок), Ден на Албанската азбука

За граѓаните припадници на еврејската заедница во РМ

  • 14 септември (сабота), Јом Кипур, првиот ден на Јом Кипур 

За граѓаните припадници на бошњачката заедница во РМ

  • 28 Септември (сабота), Меѓународен ден на Бошњаците 

За граѓаните припадници на турската заедница во РМ

21 Декември (сабота), Ден на настава на турски јазик  

08.09.2013 - 00:18

најчитано сега