Преку 100.000 лица го посетиле Музејот на македонската борба

 

Музејот на македонската борба ја одбележува двегодишнината од своето  постоење. По тој повод на 8 септември ќе биде одржана прослава на која ќе бидат доделени признанија за најдобар музејски работник и плакета за најдобар надворешен соработник.

На прославата ќе биде презентирана најновата донација за музејската колекција, а настап ќе има фолклорниот ансамбл „Македонија“.

Од 8 септември 2011 година до сега Музејот го посетиле преку 100.000 лица.

06.09.2013 - 12:57
Фото: 
Нетпрес

најчитано сега