Музејот на македонската борба го слави вториот роденден
Музејот на македонската борба ја одбележува двегодишнината од своето постоење. По тој повод на 8 септември ќе биде одржана прослава на која ќе бидат доделени признанија за најдобар музејски работник и плакета за најдобар надворешен соработник.
На прославата ќе биде презентирана најновата донација за музејската колекција, а настап ќе има фолклорниот ансамбл „Македонија“.
Од 8 септември 2011 година до сега Музејот го посетиле преку 50.000 лица.
06.09.2013 - 10:41
Фото:
kajgana.com