Кисела Вода ги чисти депониите и отворените канали

 

Општина Кисела Вода почна да ги чисти микро локациите и т.н. „црни точки“ каде се создаваат диви депонии. Општинските служби задолжени за заштита на животната средина извршиле снимање на микро локациите, односно дивите депонии и констатирале оштетување и демолирање на информативните табли со натпис „Забрането фрлање шут и отпад“, поставени од општина Кисела Вода.

- Инспекциските и комунални служби од општината извршија расчистување на дивата депонија во близина на железничката пруга, каде изминатиот период постојано се фрлаше смет и шут, се вели во соопштението од Кисела Вода.

Покрај дивите депонии се чистат и отворените канали во општината. Екипи на фирмата „Водостопанство Скопско Поле“ по налог на општината извршија чистење на бетонскиот канал за отпадни води во месноста Потстаница (црниот канал) во должина од 3.600 метри. Акцијата ќе продолжи со чистење на коритото на реката Мала Рада во селото Драчево во должина од околу 2,8 километри.

Општината Кисела Вода апелира до граѓаните да го почитуваат Законот за јавна чистота и со своето однесување да придонесат за здрава и чиста животна средина

06.09.2013 - 09:49
Фото: 
Утрински

најчитано сега