Следува сончев петок

Времето утре во Македонија ќе биде претежно сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб, а долж Повардарието умерен северен ветер.

Утринската температура ќе се движи од седум до 14, а во котлините во Малешевијата ќе се спушти и до три степени. Дневната температура ќе се движи од 24 до 32 степени.

Во Скопје времето ќе биде претежно сончево со слаб до умерен северен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 11, а дневната ќе се искачи до 29.

И во наредните денови не се очекува позначителна промена на времето.

05.09.2013 - 16:46

најчитано сега