Малата Александра ќе го продолжи школувањето во второ одделение

Министерот за образование и наука Спиро Ристовски денеска изјави дека малата Александра Бошњаковска ќе може да го продолжи своето школување во второ одделение.

- Стапивме во контакт со училиштето каде што учело девојчето и тоа ќе го продолжи својот образовен процес во второ одделение. Сето она што девојчето го има пропуштено во првото одделение ќе биде надоместено преку посебна работа со наставник за девојчето да може целосно да се вклопи, изјави Ристовски.

Инаку, полицијата во такси-возило доцна синоќа кај Маврови Анови ја пронајде малата Александра со својата баба Снежана. 

 

05.09.2013 - 16:03
Фото: 
Канал 5

најчитано сега