МВР ја најде малата Александра во такси возило - еве ги деталите за случјот кој ја крена Македонија на нозе
Полицијата денеска излезе со официјални информации за пронаоѓањето на шест годишната Александра, кој две години нелегално беше чувана далеку од рацете на мајка и. Девојчето го пронашле вчера вечерта околу 22:30 часот, кај Маврови Анови.
-Инаку МВР во врска со овој настан веќе поднесе кривична пријава против С.Б.(41), А.Б.(66), С.Б.(64) и М.Б.(38), сите од Скопје за сторени две кривични дела „одземање на малолетник“ и „запуштање и малтретирање на малолетно лице“. Во јули 2011 година, додека Т.Б., инаку поранешна сопруга на С.Б. била во Р Србија со нивната малолетна ќерка, дошле таткото на С.Б., А.Б. и неговиот брат М.Б. и со употреба на физичка сила и закана по живот ја одзеле нејзината малолетна ќерка и ја донеле во Р Македонија. По ова, мајката на С.Б., заедно со останатите членови го криеле девојчето на различни локации во Скопје, постапувајќи спротивно на правосилната судска пресуда со која девојчето и било доделено на Т.Б, стои во соопштението од МВР.
Од полицијата информираат дека добиле информации дека малолетното дете го кријат на подрачје на Македонски Брод, па вчера вечерта околу 22:30 часот, полициски патроли сопреле такси возило кај населеното место Маврови Анови, во кое биле малолетното дете и неговата баба Снежана.