Спикерот на канадскиот Сенат ќе одржи предавање на Универзитетскиот конгресен центар во Охрид

 

Спикерот на Сенатот на Канада, Ноел Кинсела, кој престојува во официјална посета на Република Македонија, денеска ќе одржи предавање во Универзитетскиот конгресен центар во Охрид. 

Предавањето на Кинсела се одржува на покана на претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов.

Покрај претседателот Иванов, на предавањето ќе присуствуваат универзитетски професори и студенти на постдипломски студии од универзитетите „Св. Кирил и Методиј“ од Скопје и „Св. Апостол Павле“ од Охрид, како и студенти од универзитетите во Грац и Белград од заедничката интередисциплинарна мастер програма на студиите за Југоисточна Европа.

05.09.2013 - 08:31
Фото: 
миа

најчитано сега