Погледнете на кои патишта треба да внимавате

 

Од 01.09.2013, повеќе не важи времената измена на режимот на сообраќај на државните патишта во Република Македонија, со која се забрануваше сообраќај на тешки товарни возила со вкупна маса над 15 тони за време на деновите од викендот и за денови при екстремно високи температури.

Од 02.09.2013, веќе не важи и времената измена на режимот на сообраќај на патните правци Гостивар - Охрид, Охрид - Ресен и Охрид - Свети Наум, со која се забрануваше сообраќај на тешки товарни возила за време на деновите од викендот.

На патниот правец Маврово - Дебар (Р409) кај Бошков мост сообраќајот е нормализиран.

На подрачјето на СВР-Охрид почнувајќи од 29.08.2013 година се изведуваат асфалтерски работи на маг. пат А-2 Гостивар - Кичево и на делот на планинскиот превој Стража од 1 до 1,5 км во правец кон Кичево. Извршувањето на работите нема да има влијание при движењето на возилата и истите ќе се изведуваат во работните денови најчесто од 08:00-15:00 или 16:00 часот.

Сообраќајот на сите останати државни патишта низ државата се одвива непречено, по суви и чисти коловози.

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово-Велес, Маврово-Дебар-Струга, Демир Капија-Удово, Кочани-Делчево и Берово-Виница, каде е можна почеста појава на одрони.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. 

05.09.2013 - 08:16

најчитано сега