30 дена притвор за екс-судијата Бошњаковски - малата Александра никаде ја нема

30 дена притвор доби поранешниот судија Бошњаковски, откако неколку месеци и покрај судската одлука, малата Александра не ја враќаше кај нејзината мајка. Притвор во отсуство добил и еден од неговите синови, додека вториот е пуштен по исказот кај Истражниот судија.

МВР поднесе 4 кривични пријави за одземање на малолетник и запуштање на дете а обвинителството ѓе бара и притвор за случајот на 6 годишното девојче кое повеќе од 2 години спротивно на судските одлуки не е со својата мајка.

Утрово бил извршен претрес во 3 стана во Скопје но девојчето не било пронајдено. Бошњаковски ниту пред Истражниот судија ниту во полиција не открил каде е девојчето.

 За институциите нејзиното пронаоѓање е предизвик зашто осомничените поседуваат поголем број станови и имот низ повеќе делови на земјата.

Екс судијата Бошњаковски уште пред месец и половина кога телвизијата Сител ја обелодени сторијата за киднапираното девојче призна дека тој знае каде е Александра и дека е подготвен на се, само да ја спречи мајката да биде со својата ќерка.

Членовите на семејството Бошњаковски нема да одговараат само за незаконското држење на Александра туку и за запуштање откако и лани и оваа година не дозволуваат девојчето да појде во училиште.

За случајот на нозе се крена целата македонска јавност а бурно реагираа и домашните и меѓународните организации за права на децата. Александра ја дефинираа како жртва на неразумните постапки на родителите и бавниот и слабо функционален институционален систем.

Најголемиот предизвик сеуште претстои- да се најде 6 годишното девојче и да се врати кај законскиот старател.

04.09.2013 - 20:12

најчитано сега