Од истражувачките програми на ЕУ ќаруваме пет евра по глава на жител

 

Швајцарија, Холандија и нордиските земји во најголем обем ги користат средствата за финансисрање на истражувачките програми во ЕУ, јавува МИА.

Од седмата рамковна ЕУ програма, која започна да се реализира 2007 година и завршува годинава, најмногу пари, пресметано во евра по глава на жител, добила Швајцарија (197), Исланд (172), Данска (144), Холандија (143), Шведска (136), Финска (128) и Норвешка (113). На самото дно на листата на земји-членки и кандидатки за членство во ЕУ, корисници на средствата за европски истражувачки програми, е Турција, со само 2 евра по глава на жител, а веднаш до неа се Македонија и Романија со по 5 евра и Србија со 7 евра.

Во регионот на Балканот најмногу полза од истражувачките програми на ЕУ има Грција со 72 евра по глава на жител, Словенија со 67, Хрватска со 16 и Бугарија со 11 евра. Нема актуелни податоци за Босна и Херцеговина, Албанија, Црна Гора и Косово, пишува шведскиот весник „Гетеборг-постен“.

Конкуренцијата е силна кога станува збор за инвестициските фондови на ЕУ наменети за истражувачки програми, кои во период од 7 години изнесуваат вкупно 70 милијарди евра. За разлика од ЕУ-фондовите за поддршка, на пример, на земјоделството, апликанти од сите земји-членки и со кандидатски статус конкурираат за средства од истражувачките програми врз рамноправни услови.

- Станува збор за модел околу кој сите се согласни, иако одвреме-навреме се слушаат поплаки во некои земји, како на пример во Бугарија и Романија, кои се соочуваат со сериозни тешкотии да се справат со силната конкуренција, вели шведскиот ЕУ-пратеник Кент Јохансон. 

03.09.2013 - 10:55

најчитано сега