Миркуловски: Жалам за овој пораз - имаме публика и среќа, но ни фали карактер

Огромна мешаница во нашата вараждинска група воочи последното коло, предизвикаа денешните натпревари и победите на Словенија и.Чешка. По завршувањето на дуелот со Чешка и минималниот пораз од 24-25, нашиот репрезентативец Филип Миркуловси изјави:

„Одигравме добар натпревар до 50. минута. Жал ми ми е за овој натпревар. Можеби имаме квалитет, имаме публика и среќа, но најбитно што ни фали е карактерот. Штета, голема шанса е пропуштена и мислам дека тешко во иднина ќе имаме вакви шанси. Честитки за Велковски, денес одигра храбро, машки и можеби ја имаме замената за Кире Лазаров“, изјави Миркуловски.

Нашите опции за дефинитивниот пласман ќе бидат познати утре по одигрувањето на дуелот со Данска. Во зависност од исходот на овој натпревар и останатите два во групата, ќе биде познато дали Македонија ќе го продолжи турнирот во Загреб или се враќа дома.

Извор: Гол.мк

 

 

 

23.01.2018 - 22:22

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа