Прибак: Можеме да извлечеме важна поука од поразот од Шпанија

Немања Прибак како еден од поискусните во составот, по натпреварот призна дека тој и неговите колеги не одиграле според договореното, а Шпанците тоа го искористилe за убедлива победа.

– Буквално не направивме ништо од она што се договаравме за овој натпревар. Шпанија ни одржа лекција како се игра и каков треба да ни биде пристапот за ваков натпревар и од тоа треба да научиме нешто. Тие доминираа, а ние како да не бевме на теренот.

– Можеме и мораме да одиграме подобро на следните средби. Ако сме паметни, брзо ќе го заборавиме овој натпревар и експресно ќе се фокусираме на дуелот со Чешка, – истакнал Прибак.

 

 

 

22.01.2018 - 14:13

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега