ФОТО: Бил вреден келнер но добил отказ бидејќи бил грд

19 годишниот Младен Радовиќ од Србија работел како келнер во кафулето „Сансет“ и иако бил вреден и културен, добил отказ бидејќи некој муштерија се пожалил дека тој е грд. Оваа непријатна случка врз момчето оставила тешки психички последици, пренесува српски Курир.

-Давав 100% од себе на работа. Се трудев да не ми се случи никаков пропуст. Сите беа задоволни од мојата работа, им помагав на колегите, бев брз и љубезен спрема гостите. Страдав зашто некому не му се допадна мојот изглед, а најлошо ми е што поради таа неправда ја изгубив и платата, вели Младен.

Според Младен, замерката на муштеријата дека е грд се однесува на тоа што му валат два предни заба, кои ги изгубил кога имал сообраќајна несреќа. ТОј долго време неуспешно се трудел да собере пари за нови заби.

Српски Курир стапиле во контакт со менаџерот на локалот „Сансет“, кој негирал дека отказот се должи на поплака за физичкиот изглед на момчето.

-Имаме преку 200 келнери сезонски, мене не ми е познато тоа име зашто некои од келнерите се снаоѓаат, некои добиваат отказ. Но дека некој добил отказ поради тоа што рекле дека е грд, е навистина лудо. Немам никаков коментар на тоа, рекол менаџерот за Курир.

Младен сеуште не може да закрепне од шокот кој го доживеал кога му рекле дека е грд.

02.09.2013 - 11:21

најчитано сега