Ахмети пред средбата со Венизелос: Македонија е пред историска одлука
Македонија е пред историска одлука. Земјата треба да реши, дали е за интеграција или пак за изолација. Лидерот на ДУИ Али Ахмети пред средбата со грчкиот вицепремиер и министер за надворешни работи, Евангелос Венизелос за Вест вели дека неговата партија е за интеграција на Македонија
„Сметам дека Македонија се наоѓа пред историски избор од два правци: интеграција или изолација. Изолацијата носи голема ранливост и неизвесна иднина за сите нас додека интеграцијата носи безбедна иднина и ни обезбедува напредок. Јас и моите сопартијци ја одбравме интеграцијата и затоа вчера бев во Вашингтон, а денес се наоѓам во Атина и решен сум да одам секаде каде што е потребно за да се постигне оваа највисока цел и притоа ние само ја вршиме нашата работа затоа што тоа претставува наша обврска“, вели за Вест претседателот на ДУИ, Али Ахмети, пред неговата средба со грчкиот министер за надворешни работи.