Македонија ќе добие нови патнички вагони на крајот од 2014 година

 

 Постапката за набавка на патнички вагони за железницата е започната, објавен е тендерот, а договорот се очекува да биде склучен на крајот на годината, најави денеска премиерот Никола Груевски.  

- Се работи за инвестиција која е околу 25 милиони евра која е веќе започната. Објавен е тендерот, а очекуваме тој договор да се склучи некаде кон крајот на оваа година, во декември, рече Груевски, кој денеска беше на отворање на ново повеќенаменско игралиште во Ѓорче Петров.

Патничките вагони би требало да пристигнат 12 месеци по потпишувањето на договорот односно при крајот на 2014 година. Груевски потсети дека се работи за набавка на вкупно шест гарнитури на вагони, од кои четири се дизел и две електрични гарнитури вагони, кои вкупно собираат 1.200 патници.  

- Шеесет отсто од постоечките патнички вагони ќе бидат заменети со новите. Се работи за една сериозна инвестиција од 25 милиони евра. Досега 35 години не се инвестирало во набавка на нови вагони, рече премиерот Груевски.

01.09.2013 - 15:04

најчитано сега