Хаос на патарините - возилата чекаат и по три часа
Хаос на патарините во Македонија. Возилата чекале и по три часа за да ја минат патарината стоби кај Градско и се создале колони долги и по три километри. Според информациите на порталот Плусинфо, патниците биле нервозни бидејќи со часови чекале да го преминат и граничниот премин „Богородица“.
Освен туристите кои се враќале од Грција, меѓу патниците се нашле и патници - гастербајтери од Турција кои се враќале кон татковината, пренесува порталот
01.09.2013 - 11:21
Фото:
канал 5