ФОТО: И Папата заврши на Фејсбук
Папата Францис уште еднаш ги прекрши традициите и се фотографираше со неколку тинејџери кои фотографијата потоа ја објавија на социјалната мрежа Фејсбук.
Папата се фотографирал со тинејџерите во црквата Свети Аугустин во Рим, а за кратко време фотографијата се рашири на социјалните мрежи.
-Не станува збор за никаков маркетинг. Папата едноставно сака да биде блиску до луѓето, слично како што неговиот претходник сакаше да биде блиску до книгите, вели Бепе Севергини, колумнистот на Corriere della Sera.
Папата Францис (76) е омилен меѓу мародот, често го прекршува протоколот и често разговара со обичните луѓе. Дел од верниците не ги одобруваат овие потези на папата, па еден од нив дури напишал дека откако ја видел фотографијата на папата со тинејџерите му станало јасно дека крајот на светот е блиску.