Ова е ставот на Македонија за сириската криза
Република Македонија уште од почетокот на сириската криза силно ги подржуваше напорите на меѓународната заедница за ставање крај на насилството во Сирија. Во таа насока, ние ја подржуваме работата на инспекцискиот тим од ОН, чија задача е прибирање на дополнителни докази за употреба на хемиско оружје, што предизвика смрт на стотици невини цивилни лица, соопшти Министерството за надворешни работи.
Република Македонија се придружува кон меѓународната јавна осуда на ваквиот чин со кој се повредуваат основните меѓународни норми. Таквите нарушувања не смеат да останат неказнети, стои во соопштението од МНР
30.08.2013 - 21:17