ВИДЕО: Погледнете го “Четврток“ на Милчо Манчевски - краткометражниот филм со огромна поента

 

Краткометражниот филм „Четврток“ на режисерот Милчо Манчевски во вторникот имаше светска премиера на отворањето на Филмскиот фестивал во Венеција.

Сценариото е на Манчевски, продуцент е Арон Левин, а во главната улога настапува младата актерка Лора Ласи.  Директор на фотографијата е Уна Ли, монтажер Питер Мостерт, а композитор на музиката е Игор Василев Новоградска. Филмот е снимен во Њујорк и е американска продукција.

-Пред околу 4 и пол месеци добив писмо од Алберто Барбера, Директорот на Филмскиот фестивал во Венеција. Ме канеше, поради 70-то издание, покрај голем број на други режисери (меѓу кои и Бернардо Бертолучи, Ким Ки-Дук, Абас Киаростами, Ормано Олми, Тод Солонџ, Атом Егојан, Пол Шредер) да направам краток филм на тема Иднината на кинематографијата, вели македонскиот режисер Милчо Манчевски.

Резултатот беше премиерата на отварањето на фестивалот.
 
-Краткометражниот филм се вика Thursday (Четврток) и е долг само 1,30 минути. Пораката е - Животот некаде на друго место. Јас сум многу среќен со филмот, дополнува Манчевски.
 
Филмот е снимен во април во Њујорк, Манчевски е режисер и сценарист, Џералд Херман е извршен продуцент, Арон Левин продуцент, Јун-ах Ли е директор на фотографија, Петер Мостер бил задолжен за едитирање, а музиката е од Игор Василев Новоградска. Ѕвездите во филмот се Лора Ласи и Уан Ејвери.

 

30.08.2013 - 09:01

најчитано сега