Кои студенти добија легло во државните студентски домови?

Кои се студентите кои добија легло во државните студентски домови. На ова прашање одговорот ќе треба да се почека иако Министерството за образование и наука резултатите од конкурсот ги објави вечерва. Интересот на студентите беше толку голем што сајтот на кој МОН ги објави резултатите едноставно падна.
Адресата smestuanje.mon.gov.mk се уште е недостапна, па оние кои сакаат да дознаат дали си обезбедија место во студентските домови во Скопје, Штип и Охрид ќе треба да ги почекаат администраторите да го решат проблемот.

30.08.2013 - 00:29

најчитано сега