ВИДЕО:Полицијата искорна 344 стебла марихуана близу Скопје - погледнете што начека МВР во Пагаруша
Во понеделникот, во атарот на селото Пагаруша во месноста викана „Две Реки„, македонската полиција пронашла и искорнала 344 стебла од растението „Канабис Сатива„, со големина од 55 до 260 сантиметри. Полициските екипи ги пронашла и цревата за наводнување на растенијата.
Скопската полиција извршила увид на местото и земала примероци од стеблата, а биле подигнати и цревата и пронајдениот алат кои ќе бидат испратени на крим - техничка обработка.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето или лицата кои ги одгледувале стеблата.
По извршеното вештачење и целосното документирање на случајот до надлежното јавно обвинителство ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од полицијата.
28.08.2013 - 12:11